Зошто во некои земји се вози од лева, а во други од десната страна на патот?

Сподели со своите пријатели

Велика Британија не е единствената држава во која се вози од лева страна – истото правило важи во Австралија, Ирска, Јапонија и други држави кои биле британски колонии.

Околу 66,1% од светската популација вози од десна страна, додека 33,9% од левата страна. Од десна страна се вози на околу 72% од патиштата, а тоа правило е релативно ново и воведено во 19 век.

Археолошките истражувања покажуваат дека сообраќајот порано се одвивал на левата страна од единствена причина: коњаниците и возачите на фијакер биле деснаци, па така можеле истовремето да јаваат на коњот и да управуваат со запрегата и да се борат.

Континентална Европа се префрлила на десната страна во 19 век, но не сите. Русија и Португалија тоа го направиле во почетокот на минатиот век кога започнале да возат по десната страна, додека во 30-те години од 20 век тоа го направиле Австрија, Чехсловачка и Унгарија.

 

Loading...