Зошто ве боли главата?

Сподели со своите пријатели

Секој човек барем еднаш во животот се сретнал со силна главоболка. Но, само оние кои страдаат од болки во главата често знаат колку неподносливи можат да бидат тие. Во моментите во кои болката е силно прогонувачка, луѓето посегнуваат по специјални лекови и едноставно чекаат лошото да помине.

Важно е сепак човек да е свесен за она што ја предизвикува главоболката, за да се обиде да го редуцира. Всушност причините можат да бидат безброј, а за некои од нив можеби дури и не се сомневате.

Затоа, ако страдате често од главоболка, дознајте кои се неочекуваните причини таа да се појави:

Сте претерале со вежбањето во теретана

Особено опасно е кога времето е топло, бидејќи топлината само може да ги влоши работите. Главоболката може да се појави поради скок на срцевата фреквенција, иако прагот е различен кај секого. Во некои случаи главоболката, произлезена од премногу оптоварување во салата, може да трае до два дена.

Протегање на вратот

Овој тип на главоболка, позната како тилна невралгија, обично започнува во задниот дел на черепот и би можела да биде многу интензивно. Освен тоа има можност болката да се шири не само во областа на тилот, но и во други делови на главата.

Често стегање на вилицата

Многу често тоа се случува кога човек е подложен на голем стрес. Стискањето на вилицата сепак може да доведе до болка во лицето, вилицата и вратот.

Повеќе време на високо место

Дури и да ја контролирате хидратацијата на вашето тело, тоа не значи дека сте имуни од главоболка предизвикана од големи промени во надморската височина. Овие промени можат да предизвикаат мачнина, што обично се влошува навечер и рано наутро.

Сте примиле премногу лекови, за да ја ублажите главоболката

Ако често страдате од болки во главата, нормално е да сте “вооружени” со многу лекови кои ќе ја олеснат состојбата. Лошата вест е дека постои можност овие лекови да провоцираат повторно главоболка. По можност не комбинирајте пенкилер со кофеин, како и неколку видови од нив.