Зошто тинејџерите експериментираат со алкохолот и цигарите?

Сподели со своите пријатели

Познато е дека тинејџерите се бунтовни затоа што хормоните им лудуваат до крајни граници, бараат се и ја градат својата личност. Во тоа силно барање и експериментирање, често започнуваат да пијат и пушат. Но, причината не е нивната бунтовност, туку силните комплекси, открива новата студија.

Медиумите креираат погрешна слика з аубавината, а тинејџерите се посбено ранливи на физичкиот изглед. Во недостаток од начин да го изразат незадоволството од својот изглед, тие се одаваат на пороците. Сепак, тоа не е правило затоа што и девојчињата кои себе се сметаат за убави рано започнуваат со такви експерименти, но поради популарноста, затоа што мислат дека тоа е „кул“.

Зошто ни се пушат цигари кога пиеме алкохол?

Loading...

Експертите од Мисури ги проучувале адолесцентите и заклучиле дека нивото на атрактивност има врска со конзумирањето алкохол и цигари на таа возраст. Полничките деовјчиња порано започнуваат да пијат и пушат за разлика од оние кои се сметаат за витки. Преслабите момчиња се склони кон цигари, а оние со вишок килограми со алкохол.

Разбирањето на таа врска значи дека интервенцијата и политиките насочени кон подобрување на телесната слика меѓу тинејџерската популација можат да го подобар целосното здравје на оваа чувствителна старосна група – вели др. Ремзи Винтер.

Експертите предупредуваат на нужноста од воведување на оваа тема во училиштето, како децата би се освестиле за проблемот од срамот за сопствениот изглед и што побрзо да научат поинаку да се носат со тоа, наместо да се приклонуваат кон пороците, пишува „Дејли Мејл“.