Зошто се вапцаат велигденските јајца?

Сподели со своите пријатели

Вчера, денес и утре, кој кога може ги вапца велигденските јајца. првото јајце се вапца обично во четврток и тоа со црвена боја како симбол на невино пролеаната крв на Спасителот. Вапцањето јајца е еден од најстарите христијански обичаи кој се почитува и ден денес.

Обичајот за вапцање велигденски јајца и во денешно време, кога се може да се купи, се почитува строго во домовите на христијанските верници. Променети се и умножени само техниките кои се користат.

 

Loading...

 

Јајцето е симбол на почетокот на животот, зашто од него се раѓа малото пиле. Има податоци дека уште христијаните од Месопотамија практикувале обичаи кога приготвувале црвени пасхални јајца.

Традицијата на тоа да се подаруваат вапцани јајца најмногу се поврзува со легендата за јајцето кое Марија Магдалена му го подарила на императорот Тибериј. Според записите, таа имала можност да се сретне со императорот, и како подарок му однела црвено јајце.

Други верзиии на преданието раскажуваат дека императорот се посомневал околу веста за Воскресението, и рекол: „Како што јајцето од бело не може да стане црвено, така и мртвите не можат да воскреснат“. Тогаш настанало чудо – белото јајце започнало да поцрвенува.

 

 

Според некои обичаи, првото јајце се чува цела година за здравје на домот. Второто јајце исто така е црвено – тоа се остава во црква во сабота навечер.

На Велики петок не се работи ништо. Затоа е и официјален празник. Се тера строг пост – препорачливо е да не се јаде ништо, а месо и алкохол – никако.

Leave a Reply