Зошто полските весници излегоа со празни насловни страни?

Сподели со своите пријатели

Одредени полски дневни весници вчера објавија отворено писмо до Европскиот парламет, додека некои од водечките дневни листови излегоа со празни насловни страни апелирајќи дигиталните гиганти, како Гугл и Фејсбук, повеќе да не заработуваат користејќи содржини и вести од традиционалните медиуми.

Во отвореното писмо на водечките дневни весници во Полска се апелира до европските пратеници на 12 септември да гласаат за членот 11 од новата директива на ЕУ, според која интернет гигантите кои пренесуваат линкови и кратки содржини од медиумите би морале да исплатат надокнада на весниците, списанијата и новинските агенции чиј што е текстот, односно веста.

Се наведува дека таквата одлука би имала пресудно значење за заштита на слободниот, професионален и независен печат, со оглед дека интернет актерите бесплатно ги користат медиумските содржини, ја зајакнуваат својата положба на пазарот на дигиталните реклами и контролираат 70 отсто од неговата вредност.

Во недостаток на добри правила, исчезнува и квалитетот на известувањето, а се повеќе има лажни вести, наведуваат полските новинари.

Гугл и Фејсбук да платат авторски права на новинските агенции

Loading...

Додаваат дека, доколку биде усвоена новата регулатива, профитот од користењето на вестите би одел на оние кои ги произведуваат и финансираат истите.

Противниците на предложениот член предупредуваат дека неговото усвојување би допринело до цензура на интернетот.

Пратениците во Европскиот парламент засега се поделени, и во рамките на политичките фракции, но и во внатрешноста на националните делегации.

Leave a Reply