Зошто овој индонезиски вулкан исфрла сина лава? (видео)

Сподели со своите пријатели

Фотографот Оливер Груневалд ни открива мистерија на син пламен во вулканот Ијен во Индонезија, неверојатен феномен кој е видлив исклучиво ноќе.

Овој син сјај, необичен за вулканите, всушност не е лава, како што може да се прочита на бројни портали. Ова е резултат на согорување на сулфурните гасови кои доаѓаат во контакт со воздухот на температура над 360 степени целзиусови – вели Оливер Груневалд, кој направил и неверојатно фотографии од вулканот.

Застана на работ на вулканот и направи неверојатна снимка (видео)

Loading...

Лавата не е обоена значително поинаку од останатите вулкани, туку големите количини на сулфурни гасови се испуштаат на високи температури заедно со лавата. Изложен на кислородот во воздухот и присуството на лава, сулфурот има сина боја.

Постои многу сулфур кој се спушта низ кратерот, па на набљудувачите им изгледа како самата лава да е сина. Овој феномен е единствено видлив ноќе, а во текот на денот призорот е сличен како кај било кој друг вулкан.

Во бикини сурфа покрај активен вулкан (видео)

Визијата на овие пламени во ноќта е чудна и неверојатно. По неколку ноќи во кратерот, се чувствувате како да живеете на друга планета – вели Груневалд.