Зошто овој фризер од Њујорк е навистина посебен? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Марк Бустос е фризер од Њујорк за кој пишуваат сите светски медиуми. Прв пат приказната за него е објавена пред неколку години, но тој и натаму продолжува да го воодушевува светот.

Имено, тој единствениот слободен ден во неделата го минува на улиците во градот шишајќи ги бездомниците.

 

Loading...

 

Марк признава дека идејата ја добил кога бил во посета на своето семејство на Филипини во 2012. година. Таму запознал локален берберин кој бесплатно ги шишал сиромашните деца.

Оваа момче вели дека најголема награда за неговиот труд е реакцијата на неговите муштерии кога ќе се погледне во огледало по шишањето.

– Највпечатливииот клиент ми беше човек по име Јемар Банкс, кој ни збор не кажа за време на шишањето се додена не ја погледна својата фризура во огледало. Не се заблагодари, само ме праша дали познавам некој кому се потребни работници, раскажал Марк сиот воодушевен што успеал да го мотивира бездомникот.

Со оваа момче најчесто е и неговата девојка која бездомниците ги прашува дали би сакале нешто да јадат.

 

 

Овој фризер вели дека најчесто шиша на прометните улици така да публиката може да гледа и како што вели, да не го види него, туку во неговото дело да добие инспирација и да го направи истото.

На бездомниците им приоѓа со реченицата: „Сакам денеска да направам нешто убаво за тебе“.

Leave a Reply