Зошто некои луѓе не уживаат во џин тоникот, а другите го обожаваат?

Сподели со своите пријатели

Доколку не сакате џин тоник, не е џинот тој кој во оваа комбинација не ви одговара туку тоникот.

Loading...

Многу луѓе не можат да го поднесат вкусот на тоник, а причината за тоа се крие во генетиката. Причината зошто тоникот има горчлив вкус е поради присуство на кинин кој се добива од кора на дрвото кинин.

 

 

Кинин се користел за лекување маларија во 19 век, па на многумина не им е јасно зошто луѓето толку лудуваат по овој пијалак. Истражувањата укажале на тоа дека присуството на кинин во пијалаците на некои им дава неподнослив горлчив вкус додека на другите не, а се зависи од варијацијата на нивните гени, особено рецепторите за горчлив вкус.

Генетиката одредува дали можете да пиете горчливи пијалаци или не. Истражувачите од Монел центарот набљудувале 1.457 близнаци и нивни роднини и ги испитувале како им одговара некој горчлив вкус.

 

Loading...

 

Откриле дека оние кои слично реагираат на кининот имаат сличен образец на ДНК особено во делот на хромозомот 12. Луѓето кои имаат помали промени на овој хромозом можат да го поднесат вкусот на тоникот.

Интересно е што откриле дека голем број луѓе кои уживаат во пиење горлчиви пијалаци имаат психопатски тенденции, па можноста да пиете џин тоник е навистина лоша.

Leave a Reply