Зошто не треба да ги собирате паднатите есенски лисја?

Сподели со своите пријатели

Листовите на големо опаѓаат и се насобираат во дворовите, но експертите советуваат дека треба да го прескокнете нивното собирање и палење. Самите лисја се природен материјал кој може да се користи како ѓубриво за тревата. За да го искористите на најдобар начин, експертите препорачуваат да го оставите на травата и да дозволите да изгние во текот на есента и зимата.

Додека се распаѓа, лисјето ја храни земјата. Лисјето, всушност е одличен компост. Само треба да се запамети дека не би требало да го оставате целото лисје, туку да ги иситните или едноставно изгазите кога е доволно суво за да може да распука.

Пристугнува сезоната на прелади: Како навремено да се заштитите?

Loading...

Влажните листови може да предизвикаат и т.н. „ефект на стаклена градина“, но за тоа е потребна многу поголема количина на лисја од онаа која ја имаме во дворовите, особено ако се чува во пластични ќеси. Лисјето во пластични ќеси може да создаде гас метан, кој е лесно запалив и не е добар за атмосферата. Според научниците, само околу третина од биоразградливите остатоци од лисјето се претвораат во компост, а тоа се случува поради недостаток на кислород. Затоа не е добро да го оставате во пластични ќеси.

Научниците откриле дека лисјата може да испуштат гас кој се нарекува азот оксид, што е многу полошо од јаглерод диоксид.

Постоу уште една добра причина зошто треба да ги оставите паднатите лисја таму каде што се, а тоа се животните.  Влечугите, инсектите и други суштества сакаат да ги користат лисјата како засолниште.

Ако сепак ви пречи лисјето може да го спакувате во компостабилни ќеси кои ќе се распаднат заедно со листовите и ќе се претворат во компост.

Leave a Reply