Зошто на некои луѓе сме им толку привлечни?

Сподели со своите пријатели

Иако физичката привлечност игра значителна улога при изборот на партнерот, нечиј мирис и боја на гласот исто така се пресудни во изборот, тврди Агата Гројецка, истражувач од полскиот Институт за психологија при Универзитетот во Вроцлав.

Loading...

– Атрактивноста игра централна улога во невербалната комуникација на луѓето и широко е истражена во различни полиња на современата психологија. Истражувачите собрале убедливи докази кои ги потврдуваат еволутивните функции за физичката привлечност и нивната улога во нашиот секојдневен живот, додека во исто време обично игнорира значителен придонес на невизуелните модалитети и односите кон нив, појаснува таа во опширниот извештај објавен на сајтот „Frontiers in Psychology“.

– Звучните и мирисни знаци, подеднакво или во комбинација можат силно да влијаат на привлечноста на поединци, а со тоа и на ставовите и постапките кон таа личност. Импресивна е и количината на информации кои можат да послужат за проценката на лицето исклучиво врз основа на нејзиниот или неговиот мирис и глас, додава таа.

Гројецка со својот тим проучила 30-годишни резултати од истражување на темата привлечност.

– Во последно време поголемиот дел од толкувањата се насочени на визуелната привлечност, на пример привлечноста на лицето или телото. Меѓутоа, литературата за другите сетила и нивната улога во општествените односи е во значителен пораст и не треба да се занемари, истакнува таа.

Сепак, полската научницчка нагласува дека изгледот, гласот и мирисот – заедно се најдобра комбинација во изборот на вистинскиот партнер.

– Иако визуелните знаци навистина се силни предикатори за проценка на вкупната атрактивност на неа влијаат и гласот и мирисот на личноста. Сепак, звукот и мирисот заедно се клучни сетила кои ги обработуваат информациите во надворешното опкружување. Тие заедно ја зголемуваат ефикасноста на нашите постапки и реакции. За разила од другите сетила (вкус и допир), луѓето можат да добијат и први сознанија за другите врз основа на нивниот визуелен изглед, глас или мирис дури и на одредена далечина, без вклучување на волја или свест, објаснува научничката.

– Комбинацијата на привлечно лице со атрактивен глас или мирис може збирно да резултира со повисок степен на расудување за привлечноста, нагласува Агата Гројецка.

Loading...

Leave a Reply