Зошто милијарда луѓе ги имаат купено овие ножици? (видео)

Сподели со своите пријатели

Домашниот алат кој многумина од нас го држат и во својата кујна е генијален изум. Класичните портокалови ножици „Фискарс“ се предмет кој не одолеа на практичноста и времето, па го прославија својот 50ти роденден.

Ножиците се дело на дизајнерот Олоф Бакстром, а компнијата „Фискарс“ кој ги произведува тврди дека продела над милијарда примероци.

Колку овие ножици се незаменливи говори и фактот што во земјата каде биле креирани, Финска, нивниот роденден се слави со специјална изложба во Хелисинки, Музјетор на дизајнот.

Едноставниот домашен алат станал извор на национална гордост во земјата која инаку дизајнот го смета за сериозна професија, објаснува извор од Универзитетот „Аалто“, Пека Корвенма.

Конверма објаснува како во ФИнска никој не вели „подај ми ги ножиците“, туку „подај ми Фискарс“, со оглед дека други ножици и немаат. Во светот, тоа е далеку најраспространетиот производ кој доаѓа од Финска.

Дизајнот кој променил се

Секојдневните корисници на макази малку размислуваат за нивниот дизајн, но во случајот со „Фискарс“ тоа промени се. За поголемиот дел од продажниот успех благодарни се на својата ергономија, од обликот до дршката. Но, тоа не е постигнато со посебна форма, туку материјал.

Во време кога прв пат биле произведени во 1967 година, поголемиот дел од маказите биле од тешко железо па ги користеле кројачите. Тие кројачјки ножици биле ужасно скапи, па „Фискарс“ ја земал нивната форма и поевтин материјал – пластика.

Наместо да бидат ковани од железо, сечилата биле направени од челик кој заедно ги држи парче метал на средината. Целиот процес на производство станува многу едноставен и евтин. Сега тие макази станаа пристапни за широките маси, вели потпретседалот на „Фискар“ маркетинг, Марика Оркамо.

 

Loading...

 

Среќна случајост

„ФИскарс“ со текот на годините се поиграл со разни бои на своите модели, а црвените дршки на пример, служат за разликување на моделот за левораки лица.

Но, компанијата останува верна на својата препознатлива боја па дури станува и регистриран бренд во Финска во 2003 година.

Откако се произведени првите примероци, маказите требало да се најдат во три бои, црвена црна и зелена. Но, човекот кој бил задолжен за мешање на пластиката некако ги измешал боите затоа што имало остатоци боја во машината која ја користел.

Така настанале портокаловите макази, а откако во одборот биле претставени сите направени примероци, токму портокаловите и најмногу им се допаднале.

Иако бојата не се менувала низ годините, дизајнов во мала мерка да, аголот за сечење поради подобрување на перформансите, како и замена на трајна и цврста пластина во осумдесетите години.