Зошто луѓето на на старите фотографии не се насмејани?

Сподели со своите пријатели

Кога ќе ги погледнете фотографиите од дамнешните времиња ќе видите дека луѓето на фотографиите секогаш се сериозни. Едно од честите прашања кои луѓето го поставувале на „Гугл“ е: Зошто луѓето на старите фотографии не се насмејани.

Не треба да се биде голем гениј за да се види одговорот на тие фотографии – сериозни се за да бидат совршено мирни додека чекаат добра експозиција.

Луѓето во минатото не биле нужно депресивни, потажни или помрачни од нас. Ниту оделе околу и депримирале се околу себе, иако во тие времиња и те како имале причина за тоа.

Нивните сериозни фотографии всушност говорат нешто друго, а тоа е дека имале поразличен однос кон своите фотографии. Кога луѓето некогаш се фотографирале за нив тоа бил важен момент.

Фотографирањето било доста ретко и не можел секој да си го дозволи. Луѓето не се сликале секој ден, а некои тоа го правеле само еднаш во животот.

Позирањето за камера изгледало како да позираат за сликар, затоа што отприлика толку долго и траело – додека фотографот се намести, додека ги намести луѓето, додека се намести светло..

Тогаш не постоела програми во кои можело да се исправат грешките, тие засекогаш останувале забележани на фотографиите. Но вистинските фотографи, кои би цртале портрети, можеле да си ги приуштат само најбогатите, а фотографиите и оние малку посиромашни.

Баш поради тоа луѓето доста сериозно го сфаќале тој величенствен момент кога можеби никогаш нема да можат да си го приуштат.

Денес, кога секој од нас дневно ќе направи десетина фотографии и селфија, тешко е да се сфати колку е интимно значењето на секоја фотографија некогаш имала за оние кои се фотографирале.

Овие ненасмејани луѓе на старите фотографии веројатно се забавувале како и ние, но немале потреба тоа и да го покажуваат.

 

Loading...