Зошто луѓето денес имаат помалку секс од претходно?

Сподели со своите пријатели

Американските истражуваи Џин Твинџ, Рин Шерман и Брук Велс објавиле студија во магазинот „Archives of Sexual Behavior“ според кој Американците по 2010 година, годишно во просек имале девет сексуални односи помалку за разлика од деведесетите.

Националното истражување на ставови и навики во сексот во Велика Британија покажало дека Британците исто така станале помалку сексуално активни и дека лицата на возраст измеѓу 16 и 44 години наместо 6,2 – 6,3 пати, љубов водат нешто помалку од пет пати месечно во просекот.

Нема причина за срам! Ситуација во сексот од која се плашат и жените и мажите

Loading...

Австралијанците се нешто подобри, но сепак бележат пад и тоа од 1,8 до 1,44 пати неделно. Во Јапонија 46% од жените и 25% од мажите на возраст измеѓу 16 и 25 години сосема се откажале од сексот.

Според едно толкување, до тоа добела порно индустријата, која станала замена за реалниот живот. Некои ги обвинуваат социјалните мрежи, а претходните стдии покажуваат дека дури и телевизорот во спалната соба може да го уништи интересот за сексот. Денес практично сите и секаде гледаат во екраните.

Сексот е навистина лековит: Еве против кои болести најмногу помага

Сепак истражувањето од 2015 година обајвено во магазинот „Sexual Medicine“ ја отфрла порнографијат акако причина и покажува дека 289 мажи, на кои два пати неделно им прикажувале најмалку 40 минути порно филмови, всушност подоцна имало поголемо либидо. Некои ја обвинуваа стресната работа, со оглед дека стресот и исцрпеност можат да влијаат на сексуалната желба и кај мажите и кај жените. Некои други истражувања покажале дека на либидото уште поразорно влијае задоволството, односно незадоволството од работа, кои влијаат на менталното здравје полошо од невработеноста.

Стресот секако е веројатна причина, бидејќи студијата од Џирих од 2010 година покажала дека студентите изложени на стрес се многу помалку расположени за секс. На тоа се надоврзува и фактот дека западните општества последните децении претрпеле вистинска епидемија од ментални пореметувања, во прв ред депресии и анскиозност.

Зошто жените испуштаат гласни звуци за време на сексот

Очигледно станува збор за повеќекратни причини: стресна и незадоволителна работа, социјална несигурност, зависност од технологија и краткорочно уживање, кои во наредниот период сигурно ќе ја изменат социјалната динамика на глобално ниво.

Какви ќе бидат последиците допрва ќе видиме.