Зошто крекерите имаат дупчиња?

Сподели со своите пријатели

Крекер е крцкав кекс, добиен од масно тесто, квасец, вода и додатоци. Множе да содржат до осум проценти масти, па имаат и големи енергетски вредности. За ароматизацијата на крекерите се користат различни материи: сирење, шампиљони, шунка…

Крекерот изворно означувал сув кекс од брашно, но денес најмногу се врзува со тенкиот кекс, кој е крцкав и лесно кршлив. Постои и во слатки и во солени варијанти, а често се употребува со намази.

Сигурно сте имале прилика да ги пробате, а можи имате и омилени. Сигурно сте забележале и дека сите имаат дупчиња, но дали сте се запрашале зошто?

 

Loading...

 

Дупчињата на крекерите не се за да тие излгедаат поинтересно, туку имаат важна улога при пречењето – овозможуваат рамномерно да се испечат.

Да ги нема, крекерите би биле дебели и нималку крцкави.