Зошто јапонските возови лаат?

Сподели со своите пријатели

Паметни луѓе, кои сакаат животни, наишле на оргинален начин како да ги спасат од страдање на пругите.

Истражувачите во Јапонија ги опремиле возовите со звучници од кои се слуша лаење на кучиња и огласување на елени, за да се спречат судири со животните на пругите.

Од Железничко-техничкиот истражувачки институт велат дека силниот звук за огласување на еленот трае три секунди, како и 20 секунди лаење на кучиња, што е сосема доволно да ги натера животните да бегаат, пишува ВВС.

Само во Јапонија: Се извинуваме што возот тргна порано

Loading...

Научниците велат дека досегашните тестови, кои се изведуваат ноќе, кога елените се собираат во близина на пругите, покажале дека се преполовил бројот на тие елени, токму поради новиот изум

Системот се покажал како ефикасен, но велат дека овој звук нема да се испушта во близина на населени места.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.