Зошто Италија нема сексуално образование во училиштата?

Сподели со своите пријатели

Децата и младите се повеќе бараат одговори на интернет, вели Антонио Пелаи, психотерапевт за деца и млади и истражувач на Универзитетот во Милано.

Loading...

Наставата за сексуално образование сè уште не е задолжителен дел од наставната програма во цела Италија.

Ова ја става земјата во група со Полска, Словачка, Литванија, Шпанија, Бугарија, Романија, Унгарија и Хрватска, кои исто така не ја воведоа.

Сепак, 20-те региони во Италија можат сами да одлучат дали ќе финансираат вакви проекти во училиштата.

Сексуално образование преку интернет

Пелаи е загрижен што младите во Италија бараат информации за секс на интернет.

Зашто, покрај погрешните информации и полувистините за сексуалните практики и сексуално преносливите болести, една од опасностите за нив е и порнографијата, особено кај младите мажи.

„Сликите на секс на интернет се доста насилни и често имаат расистички и педофилски карактер. Ова води до конфузија и несигурност и други проблеми со кои младите треба да се справат“.

Во Италија, како и во остатокот од Европа, венеричните болести повторно стануваат се почести.

Loading...

Пред се, тоа се инфекции со кламидија, но се зголемуваат и случаите со сифилис.

За психотерапевтката Марија Кристина Фиорини, претседателка на Центарот за сексологија, приоритет не е само информирањето за сексот и здравјето, туку и размената на мислења на темата.

„Наставниците треба да предаваат сексуално образование во текот на целата учебна година. Со оглед на тоа што добро ги познаваат ученциите, имаат поинаков пристап“, смета таа.

Таа тема, вели, треба да се третира послободно, неформално, за да може отворено да се разговара.

За тоа, сепак, не само што е потребно да се обврзе наставниот кадар, туку и добро да се едуцира, бидејќи на овој начин учениците можат да научат да преземаат одговорност за себе и за другите кога е во прашање сексуалното здравје.

Многу е неопходно задолжителното сексуално образование

Центарот за сексологија, како и многу други организации, се обиде да го привлече вниманието на италијанската влада на важноста на сексуалното образование.

И Антонио Пелај верува дека на земјата очајно ѝ треба концепт за сексуално образование кој е прилагоден на дигиталниот свет.

Стефанија Аскари од Движењето пет ѕвезди 2021 година го презеде 16-тиот неуспешен обид од 1975 година да ги натера училиштата ширум земјата да се посветат на воведување сексуално образование.

Loading...

Сега таа тема е на маса на актуелниот министер за образование Џузепе Валдитаре, член на партијата Лига.

Тој политичар се позиционираше против „родовата пропаганда“ и за силната улога на родителите во воспитувањето на децата.

Десничарската популистичка Лега е на власт половина година во коалиција со ултрадесничарските Браќа на Италија (Фратели д’Италија) и конзервативната Напред Италија (Форца Италија).

За време на ултрадесничарската премиерка Џорџа Мелони, приоритети се повеќе бебиња и промоција на „природното семејство“ во христијанска смисла. Мелони значи исклучиво семејство со маж и жена.

„Не гледам дека има дебата за сексуалното образование на национално ниво од која може да се извлече нов концепт за решавање на тој образовен предизвик“, вели Пелаи.

Недостатокот на информации ја зголемува дискриминацијата и насилството врз жените

Сепак, има политичари кои сѐ уште се залагаат за задолжително сексуално образование. Тројца членови на градскиот совет на Рим лани покренаа соодветна петиција.

И градскиот советник Ева Виторија Камерино ја поддржува таа иницијатива и смета дека треба да се прошири на целата земја.

„Присуството на црквата не може да се негира и навистина го враќа патријархалниот поглед на светот во кој жената секогаш има подредена улога“, изјави таа во интервју за феминистичкиот портал Фрида.

Loading...

Недоволните информации за сексот кај италијанските деца и млади луѓе ја зголемуваат дискриминацијата, сексизмот и хомофобијата, како и насилството врз жените, вели Камерино.

Додека студиите само индивидуално даваат одговори на прашањето дали сексуалното образование во училиштата води до помалку сексуално преносливи болести и несакана бременост, науката се согласува дека наставата за сексуално образование не само што поттикнува здраво сексуално однесување кај младите, туку и го зголемува знаењето за сексот и здравјето.