Зошто iPhone X е најдобриот модел досега?

Сподели со своите пријатели

iPhone X носи многу нови и интресни опции кои го подигаат овој ранг на телефонот над сите. Како што веројатно знаете, тоа е само еден од трите нови модели кои ги претстави компанијата „Apple“ покрај моделите 8 и 8+. Многумина тврдат дека посебно ќе им се допадне на дизајнерите, но сепак ви пренесуваме дел од неговите карактеристики.

Достапност

За разлика од моделите 8 и 8+, кои веќе се достапни за нарачки, иако во продажба ќе се најде нешто подоцна, моделот 10, односно Х, ќе биде достапен дури од 27 октомври. На американскиот пазар ќе чини 1.000 долари, односно 1.200 долари, во зависност од опсегот на меморија за која ќе се одлучите.

Иако звучи нереално, експертите тврдат дека ова е веројатно најнапредниот модел кој го имала компанијата, па со самото тоа цената е оправдата. Секако, ќе мора да почекаме и да видиме.

Издржливост

Една од најголемите маани на iPhone телефоните, како и на поголемиот дел од паметните уреди во последните години е стаклото кое се крши при првиот удар во ситни делови. Сега iPhone X доаѓа со нова технологија на стакло и нерѓосувачки челик, коа го прави неверојатно издржлив. Исто така, квалитетот на резолуцијата и самиот екран се подобри од се што досега имаме видено, како и можноста за прилагодување на бојата во вашата околина и нивото на осветленоста на просторот во кој се наоѓате.

Препознавање на лица

Една од функционалностите за кои најмногу се зборува во последно време е отклучувањето на основа на препознавање на ликот. Оваа напредна технологија ги мапира точките на вашиот лик и врз основа на добиените информации тоа го користи за да ви овозможи да го отклучите екранот. Овој систем е многу напреден, па не мора да се грижите дали некој може да искористи ваша фотографија или да направи гримаса или маска, телефонот ќе ве препознава само вас.

Колку „Ајфони“ се потребни за да се стопира куршум од калашников? (видео)

Loading...

Камера

Моделите iPhone 8 и 8+ се значително унапредени со своите камери, меѓутоа моделот 10 носи нешто ново. Квалитетот на фотографијата може лесно да се спореди со оние изработени со професионални фото апарати, а тоа благодарениа како на основната, така и на предната камера.

Сега можете да правите селфи фотографии со фантастични кадри, со длабочини и сенки. Тоа значи дека технологијата ќе го препознае и издвои вашиот портрет од околината, па ќе добиете ефект на тродимензионалност. Кога е во прашање снимањето, квалитетот е 4К резолуција.

Како iPhone 8 поднесува гребење, палење и превиткување? (видео)

За кого е iPhone X?

За просечниот корисник веројатно нема потреба за еден ваков телефон, но постојат неколку професии на кои би им бил неопходен. Меѓу нив се огласувачи, програмери на мобилни апликации и дизајнери.

Програмирањето за мобилните телефони е сложен занает, но можете да го научите релативно брзо. Сепак, ако се определите за дигиталните, кратки курсеви, не очекувајте чудо. Наместо тоа, изберете квалитетни установи со проверени професионалци.

Ако сте се определиле за оваа професија, запишете мобилно програмирање и наскоро во рака ќе го држите iPhone X и ќе го користите неговиот потенцијал на вистински начин.