Зошто Ерменија и Азербејџан повторно се борат?

Сподели со своите пријатели

Ерменија го обвини Азербејџан за неиспровоциран напад на 13 септември, откако нејзиниот сосед во текот на ноќта изврши артилериски и беспилотни напади врз ерменските позиции на истокот од земјата, пишува магазинот Економист.

Loading...

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека загинале најмалку 49 војници.

Азербејџан тврди дека тоа е одмазда за „субверзивни дејствија“ на Ерменија и дека загинале и 50 азербејџански војници.

Последниве години спорадично избувнаа конфликти околу границата.

Сепак, вторите се најтешките откако војната за Нагорно-Карабах заврши пред речиси две години.

Нагорно-Карабах е ерменска енклава која формално е дел од Азербејџан, но ја држат ерменските сили од 1990-тите.

САД, ЕУ и Русија повикаа на прекин на конфликтот.

Зошто борбите почнаа повторно?

Азербејџан, поддржан од Турција, започна офанзива за заземање на Нагорно-Карабах кон крајот на 2020 година.

Loading...

Додека Русија, сојузникот на Ерменија, воведе прекин на огнот шест недели подоцна, Азербејџан ја врати контролата врз големи делови од покраината, како и други области окупирани од Ерменците.

Според договорот, Русија распореди мировници во Нагорно-Карабах за да го спречи насилството и да одржи одредено ниво на контрола врз конфликтот.

Последните борби вклучуваа гранатирање на ерменските погранични области далеку од Нагорно-Карабах.

„Ова не беше одговор, туку цврст напад“, изјави Ричард Гирагосијан од Центарот за регионални студии во Ереван, главниот град на Ерменија, за Економист.

Тоа се случи неколку недели откако Пашинјан и Илхам Алиев, азербејџанскиот претседател, се сретнаа во Брисел за да разговараат за можноста за траен мир.

Азербејџан сака Ерменија да го признае нејзиниот суверенитет над Нагорно-Карабах, додека Ерменија бара гаранции за етничките Ерменци во регионот.

Азербејџан можеби одлучи дека е дојдено време да ги искористи своите вооружени сили за да ги принуди соседите да го прифатат договорот, бидејќи Русија се чини дека е премногу зафатена во Украина за да интервенира во име на Ерменија.

Исто така, поради светската енергетска криза расте и европската зависност од производителите на гас како Азербејџан.

Loading...

Министерот за енергетика на Азербејџан неодамна изјави дека земјата планира да го зголеми извозот на гас во Европа за 30 отсто, во споредба со 2021 година.

Кој е следниот чекор?

Ерменија се повика на договорот со кој Москва се обврза да ја брани во случај на напад од странска земја.

Со оглед на ситуацијата во Украина, Русија веројатно ќе одговори со „симболични мерки“, а не со некакво воено вмешување, смета Лоренс Броерс од тинк-тенкот „Чатам хаус“.

Азербејџан, сепак, ќе мора да биде внимателен. Баку сигурно ќе сака да го ослабне руското влијание на Кавказ, но нема смисла отворено да се судри со Москва, вели Борес.

Ова ја намалува опасноста од отворена војна со Ерменија.

Сепак, се додека постои проблем со Нагорно-Карабах, и додека едната страна користи сила во своја полза, ситуацијата ќе остане тензична.