Зошто е опасно да јадете премногу туна?

Сподели со своите пријатели

Веројатно сакате да јадете туна, особено ако се занимавате со спорт. Тој е одличен извор на протеини и хранливи материи кои ви помагаат да го осбновите вашето тело после тренинг.

Loading...

Внесувањето на туна го намалува и ризикот од срцеви и мозочни заболувања, но сепак, лекарите ширум светот советуваат дека премногу внесување туна може да биде опасно.

 

 

Туната, како и другите морски риби, содржи мала количина на жива. Сите знаеме дека живата е неверојатно отровна и опасна за човечкиот живот. За среќа, рибите содржат мали количини на жива.

Проблемот настанува кога луѓето почнуваат да консумираат премногу туна.

Значи, доколку консумирате премногу туна, постои можност да се отруете од жива и со тоа да го загрозите сопствениот живот.

Loading...

Секако дека внесот на туна мора да биде огромен за да дојде до вакво труење, но некои спортисти јадат преку 5 лименки туна дневно, па затоа постои сериозен ризик за нив.

 

 

Една лименка туна содржи 18,11 микрограми жива, додека истото количество туна Албакор содржи 49,53 микрограми жива.

Спортисти и љубители на риби, внимавајте . Ако сакате риба и туна, не заборавајте дека јадете жива заедно со протеини и омега киселини. Не претерувајте со туната и јадете умерено, бидејќи како што велат нашите баби „се во големи количини не е добро“.