Зошто дуваме свеќички и замислуваме желби за роденден?

Сподели со своите пријатели

Овие свечености биле познати како Киндерфест и во почетокот се организирале исклучиво за првиот роденден на детето.

Loading...

Старите Грци слични свечености организирале за да одадат почаст на божицата Артемида, заштитничката на Месечинат аи ловот. Правеле и торта во форма на Месечина и палеле свеќи за да го доволат неговиот т.е. сјајот на Артемида.

За Римјанија скоро извесно е дека славеле родендени и притоа правеле торти, па дури и за „обичниот“ народ, а не само за избраните.

Во текот на средниот век родендените претежно биле занемарувани поради бегството од паганството и стравот од ерес. Интересот ќе се јави, во поблага верзија, во 12 век, всушност на поинаков начин. Имено, во желбата да ги сочуваат своите деца, родителите се почесто им давале имиња на светители. Прославите кои потоа следувае билеповрзани со денот кога светителот се прославувал, а не за самиот датум на раѓање на потомокот.

Прославата на родендените на начин најблизок на денешниот започнала во 15 век во Германија.

Овие свечености биле познати како Киндерфест и во почетокот се организирале само за првиот роденден. Притоа се собирале најблиските да прослават со едноставни торти и без дување на свеќички. Во тоа време, Германците верувале дека лошите духови можат да ја запоседнат душата на славеникот. За да го спречат тоа, гостите се фаќале за раце и околу детето гормирале круг. Играле и пееле и така заеднички го штителе славеникот, во средината на кругот.

Во 18 век, во истата земја, полека се развивал обичај за дување свеќички како и за прослава на останатите родндени, а не само на првиот. Свеќичките се однесувале на бројот на годините, а дури не била реткост да се додаде и некоја повеќе, за да на симболичен начин се обезбеди прославата и на дините родендени. Донесување податоци и натаму била реткост, а доколку се случило некој да донесе, тоа се толкувало како добар знак и будело верување дека годината која доаѓа на славеникот ќе му биде успешна.

Традицијата со текот на времето се проширила низ целиот свет.

Loading...

Leave a Reply