09.08.2018 10:50

Зошто денот има 24 часа?

loading...

Скоро сите мерки скали се дефинирани на сличен начин – со договор или конвенција, започнувајќи од начинот на кој мериме „договорена“ величина како што е температурата, па до тоа како мериме нешто што го сметаме за природен процес, како што е протокот на времето.

Иако од перспектива од почетокот на 21. век делуваат природно, секундите, минутите и часовите се само интервали кои човекот, од историски причини, ги избрал за мерење на времето.

Меѓутоа, времето може да се мери во сосема поинакви интервали.

Во Советска Русија и во текот на Француската револуција, биле осмислени календари со сосема поинаква организација на бројот месеци и денови во неделата. Меѓутоа, и еден ден можел да биде поделен поинаку – на пример, на десет смерглини, така што секој смерглин има десет турднарци, кои можат да бидат поделени на 100 ремлини или можеби, 100 зомглои.

Наместо овие чудни називи, како основна мерка за време користиме добро познати секунди. Меѓутоа, ако погледнеме во дефиницијата на мерните единиц во СИ системот ќе видиме дека секундата, иако единица на која сме ја навикнале, не е дефинирана на секој очигледен начин.

Имено, како еталон време секунда по дефиниција е временски интервал кој трае колку и 9.192.631.770 периоди зрачење кое одговара на премин помеѓу два хиперфини нивоа на основна состојба на атомот на Цезиум 133. Оваа непријатна дефиниција, со која атомските часовници мерат точно време е, иако прецизна и заснована на природна појава, така земена како дел од договор во кој во СИ системот стариот Меѓународен комитет за мерки чие седиѓте е во Де Бретеј, кај Париз.

Меѓутоа, ако зборуваме за мерките за време на внатрешноста на една година, постои една реална мерка која е втемелена на природен процес и условно набљуѕдувано, не е предмет на договор. Тоа е средна должина на денот – време кое е потребно на Земјата да се сврти околу својата оска, односно, време за кое сонцето на небесната сфера провидно „минува“ пол круг околу планетата.

Т.н. сидерален ден, што е време кое на Земјата и е потребно да направи една ротација во однос на ѕвездите кои се „неподвижни“, кога се пресметува во основните единици, изнесува 86.164 секунди. Ова е, кога размислите, навистина непријатна бројка, без никаква длабока смисла, освен што е последица на фактот дека „астрономски“ реалниот ден би требало некако да се усклади со традицијата да се дели на 24 часа кои потоа се делат на 60 минути, па на 60, за да се добијат секунди.

Дефиницијата, освен што е непријатна, има недостаток ако предвид се земе како всушност се дефинира, колку точно трае денот, па и дека атомските часовници по сегашната дефиниција на годишно ниво изгубат една секунда, која мора со дополнителна конвенција да се додаде како „престапна“.

 

 

Тоа е од таму што работите вусшност се дефинирани со обратен редослед – денот не е само природен, туку и многу постар поим од секундата и часот. Во не така далечното минато, пред механичките часовници, времето во текот на денот всушност се мерело темпорално – должинат ана часовникот се менува така што собира 12 од зора до мрак.

Во време на сончевите часови, денот од полноќ до полноќ веќе бил оделен на 24 дела. Тие пак во пракса не биле еднакви, бидејќи во текот на летото виделината е подолга, и секој поденичен час дење траел повеќе Поделбата на денот на 24 часа инаку е постара од поимот часовник, а самиот збор е со потекло од грчкиот назив за „дел од денот“.

По се судејќи, таквата поделба на денот дошла од старите Сумерани, но всушност, не е познато зошто точно е така. Постојат неколку хипотези на таа тема. По една, работата е во промената на Месечината.

Ако древните народи воочиле дека измеѓу две месечеви мени изминуваат 30 дена, а дека во текот на една година се јавуваат 12 месечеви мени, тогаш во истиот манир можеле да ја поделат виделлината на 12, односно денот на 24 часа. Меѓутоа, дури Римјаните строго ја дефинирале годинат ана 12 месеци, па така оваа објаснување во најмала рака не е стабилно.

Другото објаснување се врзува за 12 соѕвездија на Зодијакот, кои за година дена се свртуваат на небесната сфера, така да тоа повторно доаѓа во истата положба. Но, ако некогаш сте го набљудувале ночното небо, бргу ќе сфатите дека изборот на соѕвездија не е така недвосмислен и дека попрво ќе биде дека популарноста на дванаесетката во стариот Вавилон влијаела на тоа да не биде толку.

Едно од објаснувањата се врзува за човековата дланка која анводно ги навела Сумераните денот да го поделат на 12 делови. Ако го превиткате палецот и погледнете во внатрешност ана дланката, ќе забележите како секој од четирите испружени прсти е поделен на три целини, така да пред себе имате дванаесет подеднакви делови. Тоа го олеснувало броењето на часовите во текот на денот, па затоа е поделен на 12 дела.

Со ова оди и околноста дека 24 е број кој е делив со 2, 3, 4, 6, 8 и 12, та што со него значително се олеснува сметањето за десет или сто, кога ќе треба да се подели.

Меѓутоа, нема силни аргументи да се прифати или отфрли било која од хипотезите, а не е исклучено дека за поделбата на 24-часовен ден влијаеле сите причини заедно.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments