Зошто Берлин не испраќа тенкови во Украина?

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија не е подготвена да испрати тенкови во Украина, бидејќи тоа може да претставува опасен чекор и да доведе до натамошна ескалација на конфликтот.

Loading...

– Ова е многу опасна војна – одговори Шолц откако новинарот на Њујорк Тајмс побара од него да објасни зошто Берлин нема да испраќа тенкови во Украина, иако Киев упорно го бара тоа.

Тој додаде дека Германија ја поддржува Украина.

– Правиме се на тој начин да нема ескалација, во која се би се претворило во војна меѓу Русија и НАТО, а тоа би било катастрофа – објасни Шолц, пренесува ТАС С.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

Руската новинска агенција наведува дека Германија во последните неколку недели била под остри критики од Украина и од неколку земји од НАТО поради тоа што не испратила тенкови и борбени возила во Киев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.