Zoom се придружува на епидемијата откази во технолошките компании

Сподели со своите пријатели

Зум планира да отпушти 1.300 луѓе, или околу 15 отсто од својата глобална работна сила, бидејќи услугата за видео состаноци, која стана сеприсутна за време на пандемијата Ковид-19, сега се прилагодува на побавен раст.

Loading...

Имено, по долг период на деловни состаноци преку Зум, повеќето работници се вратиле на работа, односно на состаноци во живо.

Блумберг го цитира главниот извршен директор на компанијата, Ерик Јуан, кој вели дека компанијата ќе отпушти околу 1.300 луѓе како дел од реструктуирањето.

Јуан на својот блог напиша дека „се смета себеси одговорен“ за проблемите на компанијата и рече дека ќе ја намали својата плата и ќе се откаже од бонусите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скокнаа цените на нафтата откако Израел го нападна Иран

– Нашата траекторија беше засекогаш променета за време на пандемијата. Не потрошивме доволно време за да ги анализираме нашите тимови за да процениме дали нашиот раст е одржлив – изјави тој.

Откако придоби милиони корисници во екот на пандемијата, Zoom сега се обидува да го промени забавениот раст со проширување на својот опсег на услуги и алатки, но и покрај тоа што пријави едноцифрен раст на приходите во изминатите два квартали.

Според Bloomberg, аналитичарите очекуваат пад на продажбата и во третиот квартал.

Јуан рече дека неговата основна плата, која беше 301.731 долар минатата година, ќе биде намалена за 98 отсто и ќе се откаже од корпоративниот бонус за фискалната 2023 година.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скокнаа цените на нафтата откако Израел го нападна Иран

Неговата вкупна заработка за фискалната 2022 година беше 1,1 милион долари, заклучно со мај 2022 година.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.