ЗНМ денес избира координатор за регионален центар Куманово

Сподели со своите пријатели

Здружението на новинари – регионален центар Куманово, денес ќе избере нов координатор откако мандатот на актуелниот претставник истече неодамна.

Loading...

На состанокот што денес ќе започне во 17 часот, се очекува новинарите и медиумските работници од Куманово да го изберат новиот координатор, кој ќе ги застапува интересите и активностите на ЗНМ на регионално ниво, согласно со целите на ЗНМ утврдени со Статут, со годишните програмски определби на ЗНМ и со начелата и одредбите на Кодексот на новинарите на Македонија.

Досегашен координатор со двократен четиригодишен мандат беше Сузана Николиќ, актуелен уредник на информативната програма на регионалната телевизиска станица ТВ ПЛУС.

фото: Телеграф.мк