Значително опаѓање на температурите до крајот на неделава

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и значително посвежо со умерена локална облачност. Ќе продолжи да дува дува силен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 5 до 12 степени, а максималните од 15 до 22.

Во Куманово и околината ќе имаме сончево и посвежо ветровито време, со максимална дневна температура до 16 степен.

Од среда наутро темературата на воздухот значително ќе опадне, како утринската така и дневната. На некои места утринската температура ќе има услови да се спушти околу нулата.

Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.

Leave a Reply