„Змаев здив“ – пиперки кои се толку лути што можат да убијат човек (видео)

Сподели со своите пријатели

Велшки одгледувач, Мајк Смит тврди дека створил пиперки кои се толку лути што можат да убијат човек, која прикадно ја нарекол „Змеев здив“ пренесува „Хина“.

„Змеев здив“ има 2,5 милиони единици на Сколиовата скала на лутина. Тоа е доволно кај некои луѓе да предизвика анафилактички шок и смрт – вели Смит за „Дејли Пост“.

Се наведува дека Смит оваа пиперка ја пријавил во „Гинисовата книга на рекорди“ и чека одговор за тоа дали таа и официјално ќе биде прогласена за најлута пиперка во светот.

Смит пиперката ја одгледувал во соработка со Универзитетот Северен Велс во рамките на истражувањето за алтернативни методи на анестезија. Се наведува дека пациентот, пример, може да го истрие местото со пиперката и кожата „да ја умртви“.

По поестоечкиот рекорд во „Гинисовата книга на рекорди“ најлутата позната пиперка е „Каролина Рипер“ која има 1,57 милиони единица на Сколиовата скала на лутина.

Се работи за табела која всушност означува ниво на капсицин, вид на алкохол кој се наоѓа во пиперките. Кога капсицинот доаѓа во допир со рецепторите на телото, најчесто јазикот, нервниот систем тоа го интерпретира како чувство на жар и печење.