Злато и бронза за КБК Куманово од Државното првенство (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еден златен и еден бронзен медал освоија борците на Кик-бокс клубот Куманово 2006 кои викендов учествуваа на Државното првенство во кик бокс во Скопје.

Loading...

Златен медал и државен првак во јуниорска конкуренција е Лука Велковски кој се натпреваруваше во дисциплината кик-лоу во категоријата +91кг.

 

 

Марко Бошковски освои бронзен медал во дисциплината кик лајт во категорија до -69 килограми.

На натпреварот учествуваше и Јован Велковски кој во сениорска конкуренција стигнд до четвртфиналето каде загуби на поени.

 

Loading...

 

– Ова државно првенство беше најмасовно досега со преку 250 натпреварувачи од многу клубови од државата, така да сум задоволен од резултатот и очекувам успех и во претстојната натпреварувачка сезона, изјави тренерот на клубот Сашо Илиевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

 

 

Инаку првенството се одржа во организација на Кик-бокс федерацијата на Македонија во недела во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Никола Ивановски

Loading...