Златен накит, вино и суплементи запленети на ГП Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатите две недели, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен накит, девизи, лекови, диететски суплементи, облека, козметика и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Вкупно 218,28 грама златен накит биле откриени при контрола на патничко моторно возило со британски регистарски ознаки, управувано од британски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавениот златен накит бил спакуван во три кутивчиња ставени во мала шарена торба, сместена на задните седишта од возилото, помеѓу торбите со личен багаж. Истиот е привремено одземен, а против возачот е отпочната соодветна постапка.

 

Loading...

 

Шеесет парчиња диететски суплементи HONEY SLIM од 1 литар, откриени биле при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените диететски суплементи се пронајдени во две картонски кутии и две торби, сместени во багажниот простор на возилото. Истите се привремено одземени, а против возачот е отпочната соодветна постапка.

 

 

Вкупно 14 шишиња вино и 78 шишиња и шишенца жесток алкохол (џин, вотка, ликер и мартини), откриени при контрола на патничко моторно возило со полски регистарски ознаки, управувано од полски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените алкохолни пијалоци се пронајдени во две картонски кутии сместени во багажниот простор зад торбите со лични работи, под патосницата во просторот за резервна гума и под предното седиште завиткани во новинска хартија.

 

Loading...

 

Истите се привремено одземени, а против возачот е отпочната соодветна постапка.

Leave a Reply