Златен кафез: Кинеско село на богатите – кој замине губи сè што има (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Хуаси некогаш било сиромашно село. Сега е најбогато село што стави вето на богатството на својата популација.

Loading...

Сместено во провинцијата Јиангсу, селото може да се пофали со солитер од 72 ката, тематски парк, луксузни вили и небо на кое кружат хеликоптери.

Има население од околу 2.000 жители и меѓу нив нема сиромашни луѓе. На банкарските сметки, селаните немаат под 143.000 американски долари и сите живеат во вили. Тие го нарекуваат „Селото на богатите“.

Сепак, постои правило за животот во изобилство: Ако го напуштите селото, губите сè што имате.

Со оглед на тоа што повеќето жители работат седум дена неделно, единственото место каде можат да трошат пари е нивното село, каде нема кафулиња или клубови.

Јавниот превоз е со воздушни хеликоптери, така што жителите на Хуаси се оддалечени само неколку минути од околните градови.

Тематскиот парк содржи реплики на познати кинески згради, како што се Големиот Кинески Ѕид и Забранетиот град.

Бидејќи селото ги заинтригира медиумите, поради годишните приходи на населението, локалните власти изградиле фасцинантна зграда со 72 ката, висока 328 метри, повисока од Ајфеловата кула. Нејзината изградба чинела околу 430 милиони долари.

Loading...

Потеклото на богатството е непознато, а медиумите можат да влезат во селото само доколку добијат дозвола.

Интересно е што, пред триесет години, селото беше како просечна кинеска село, сиромашно, со само шестотини жители.

Познато е дека во тој момент официјалниот претставник на партијата Ву Ренбао објави план што ќе донесе просперитет на селото. Наскоро, беа основани неколку компании што регрутираа жители и ги правеа богати.

Leave a Reply