Зивчевиќ: Против Рабонички сакам само да дадеме максимум

Сподели со своите пријатели

Ненад Зивчевиќ е кошаркар со големо искуство и богата кошаркарска кариера не само кај нас, туку и во странство. Во својата кариера ги носеше дресовите на Работнички, МЗТ Скопје и на уште неколку македонски прволигаши, но и настапуваше во земји ширум Европа, каде  во последните сезони со успех ги бранеше боите на бројни клубови во Тунис, Мароко, Катар, Египет,Бахреин, ОАЕ.

Loading...

Сега е дел од К.К Куманово 2009 тим со кој оваа година потпиша двегодишен договор.

 

 

 1.Како се чувствуваш во Куманово ?

НЗ: – Се чувствувам одлично , затоа што сум дома по подолго време . Тоа ми беше идеја и мината година, само во тој период стигна понуда која неможев да ја одбијам и во договор со управата на клубот пак отидов надвор од нашата граница.Сега дефинитивно сум решен да играм во Македонија и да бидам тука и затоа потпишав двегодишен договор со клубот. Засега се е во најдобар ред и се надевам дека ќе биде така и понатаму.

 

Loading...

 

2.Која е главната цел на К.К Куманово 2009 оваа сезона?

НЗ: – Оваа година ситуацијата е малку чудна,затоа што минатата сезона кога се вратив екипата имаше повеќе победи, но потешко беше да се пласира во ТОП 6.  Сезонава тимот засега имаме три победи, а само два бода е четвртопласираната екипа на табелата . Мое мислење е дека лигата оваа година лигата е поизедначена и не можам да кажам кои се целите или крајниот домет на тимот. Ние сакаме да бидеме во тие шест екипи кои ќе бидат дел од Супер лигата. Потешко ќе биде затоа што од стартот на сезоната имаме порази на домашен терен кои требаше да ги добиеме. Се надевам дека ќе го надополниме изгубеното и ќе бидеме дел од тимовите кои ќе ја формираат Супер лигата и ќе покажеме дека поседуваме квалитет.

 

 

3.Важиш за еден од кошаркарите со богата спортска кариера надвор од  нашата држава.Која земја ти остави најголем впечаток ?

Loading...

НЗ : – Сите земји и лиги си ги паметам дефинитивно.Ако тргнам од почеток јас од Македонија заминав на 14 години  во Црна Гора која е мој втор дом и каде претстојував 7 години. Сепак најубавиот дел од кошарката го видов кога се решив да настапувам во арапскиот свет каде  бев шест години. Преубави земји нема што. Секогаш  во шега знам да кажам дека  “ако нема плажа , не потпишувам договор”.  Уживав навистина во Катар, Бахреин, ОАЕ . Кога би можел еден ден после професионалната кариера да бирам каде ќе живеаме тоа  дефинитвно би бил Катар. Земја која ме има фасцинирано, место каде што се е скоцкано имаш се, а твое е само да тренираш , играш и мислиш на кошарката  Не го заборавам Египет, каде кошарката е на многу високо ниво и пријатно ме изненади. Кошаркарите од оваа земја имаат квалитет и се рамо во рамо со странците кои настапуваа таму.

 

 

  1. Во пресрет на мечот со скопски Работнички, кои се твоите очекувања и што мислиш кој е главен претендент за шампионската титула оваа сезона?

НЗ: – Против Рабонички како и на секоја утакмица сакам само да дадеме  максимум и се од себе, a резултатот сам ќе си дојде по себе.Имаме пак нови играчи и нови странци за кои ќе им треба време да се адаптираат  и се надевам дека ќе се вклопат бргу во нашиот тим и ќе го донесат посакуваниот квалитет. Што се однесува до фаворити во лигата дефинитивно како и минатата сезона. МЗТ Скопје, Пелистер тука е и Еуро Никел кој имаше слаб старт, но сигурен сум како ќе одминува времето ќе влезат во форма и ќе ги замрсат сметките на фаворитите – заврши во своето обраќање искусниот кошаркар.