ЖРК Куманово во борба за трофејот на завршниот турнир во женската кадетска лига

Сподели со своите пријатели

Градот Охрид ќе биде домаќин на завршниот турнир на четирите најдобри екипи во женската кадетска лига. Истиот ќе биде одигран во недела (02.04.2017 година), на кој ќе настапуваат и кадетките на ЖРК Куманово, Вардар СЦЈС, Металург, како и домашниот тим на Лихнид 2012 се екипите кои ќе се борат за шампионскиот трофеј во оваа генерација за девојчиња родени “2000“ година и помали.

Во полуфиналето избраничките на Димитар Антевски за противник ќе го имаат тимот на Вардар СЦЈС, додека другата двојка ја сочинуваат Металург и Лихнид.

Распоред на натпревари (02.04.2017):
(Полуфинале, 11:00) Металург – Лихнид 2012
(Полуфинале, 12:45) Куманово – Вардар СЦЈС
(Натпревар за 3 место, 18:00)
(Финале, 19:45).

Екипата на ЖРК Куманово заврши како второпласирана во групата 1, со 21 освоен бод., исто колку што имаше и екипата на Вардар, меѓутоа благодарение на меѓусебниот дуел во кој што ЖРК Куманово излезе како победник. затоа и се најде во фајнл-форот.