ЖРК Куманово вечерва го пречекува ЖРК Вардар

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово вечерва атакуваат на нова, осма победа оваа сезона во женската домашна лига, а за противник на домашен терен ќе го имаат составот на ЖРК Вардар.

Loading...

Тимот кој во понеделник свечено ќе го добие највисокото признание на Општина Куманово, Ноемвриската награда за врвни успеси, вечерва како фаворит влегува во мечот против вардарки.

Од досега одиграните натпревари Куманово убедливо ги има совладано сите противници, и со ЖРК Металург го делат првото место во табелата со максимален број поени.

Натпреварот се игра во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 20:00 часот.

Leave a Reply