23.05.2018 11:11

ЖРК Куманово вечерва го игра последниот натпревар сезонава


Женскиот ракометен клуб Куманово вечерва со почеток во 19 часот го пречекува составот на Овче поле во рамките на последното коло од оваа сезона.

Ова ќе биде последен натпревар за ракометарките на Куманово во рамките на националната прва женска лига, која сезонава ја започнаа фуриозно и со желба за второто место, веднаш зад составот на вицепрвакот на Европа, ЖРК Вардар.

Сепак, желбата се едно, реалноста друго. Голем дел од искусните ракометарки се повредија во текот на натпреварите, за дел од нив имаше подолга пауза, за други сезоната заврши прерано.

Сепак вечерва може да им се насмевне третото место, доколку го совладаат составот на Овче поле, а Пелистер загуби од Вардар Јуниор, во спротивно кумановки остануваат на четвртата позиција.

Од управата на клубот ги повикуваат љубителите на ракометот вечерва да ги поддржат ракометарките во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments