ЖРК Куманово утре го пречекува составот на Чаир

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре го играат 5то коло од домашната женска лига, кога на домашен терен го пречекуваат составот на ЖРК Чаир.

Loading...

Кумановки се решени да атакуваат на освојување на домашните натрепварувања оваа сезона, а тоа им оди од рака засега без проблеми, бидејќи по одиграните четири кола не бележат ниту еден пораз.

Во вечерашниот меч влегуваат како фаворити, што носи големи шанси за нови бодови во табелата.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 18:30 часот.

Leave a Reply