ЖРК Куманово убедливо загуби од Металург

Сподели со своите пријатели

ЖРК Куманово убедливо го загуби натпреварот од 1. коло по плеј оф делот од супер лига жени во ракомет. Гостинскиот тим на Металург ја оправда фаворитската улога и не совлада со резултат 20:38 (9:17) , со што ја запиша својата прва победа во плеј оф делот.

Викторија Пеовска, иако разочарана вели дека мора да се тренира повеќе за да бидат подготвени во секој момент.

Сакавме многу, имавме желба, но имавме катастрофално прво полувреме. Постојано бевме под притисок, имавме желба да се вратиме, но тоа не е лесно. Во второто полувреме се обидовме рамноправно да изиграме, но не успеавме. Бев разочарана после поразот, но ништо не е изгубено, останува сега да анализираме и да го дадеме максимумот во следните натпревари иако примарната цел ја остаривме, пласман во плеј оф делот – изјави Пеовска.