ЖРК Куманово супериорно и победнички се враќа од Прилеп

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен тим од Куманово на гостински терен ја оствари тринаесетата победа во рамките на вториот дел од новата сезона од женската Супер лига.

На дербито кумановки беа фаворити, а разликата во квалитетот беше демонстрирана уште во првото полувреме. Мрежата на ЖРК Прилеп се торпедираше од сите можни позиции. Единствено што успеа домаќинот во првото полувреме да израмни на 1:1 а потоа се покажа и разликата во квалитетот. На полувреме се замина со резултат 8:15.

Второто полувреме гостинскиот тим го изигра рутинирано и ја одржуваше предноста. Прилепчанки само на почетокот на второто полувреме успеа да намали на 4 разлика меѓутоа мотивираноста и тимскиот дух беше на одлично ниво а тоа се покажа и како клучен фактор за убедливата победа на ЖРК Куманово. Натпреварот заврши со резултат 22:30. Во автобусот на враќање од натпреварот се славеше победата и владееше одлична атмосфера.

Радува фактот што  кај ЖРК Куманово на листата на стрелци се запишаа дури десет ракометарки. Најефикасни беа Викторија, Бранкица , Мила и Бојана  со 5 постигнати гола, а свој придонес даде и Александра Боризовска со 4 постигнати  гола.

Следниот натпревар Женскиот ракометен тим од Куманово го игра со ЖРК Пелистер од Битола.