ЖРК Куманово славеше над Чаир

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово остварија убедлива победа против составот на ЖРК Чаир, откако викендов на гостински терен извојуваа победа со резултат 21:29.

Loading...

Првиот дел од средбата се играше гол за гол, и веќе пред самото полувреме кумановки имаа предност од само два голови, односно резултат 12:14.

Во второто полувреме ракометарките на Куманово бргу влегоа во својот препознатлив ритам и го полнеа голот на домаќинот со што ја однесоа шестата првенствена победа оваа сезона.

Наташа Нолевска со седум реализирани погодоци беше најуспешна во составот на Куманово, додека со еден погодок помалку мечот го заврши Јована Кипријановска.

Во составот на ЖРК Чаир, седум голови постигна Теодора Гулицовска, а еден помалку Ана Марија Божиновска.

Минатогодишниот апсолутен шампион и оваа година атакува на двојна круна во македонскиот женски ракомет, а засега тоа одлично им оди од рака со оглед дека го држат првото место во табелата.

Никола Ивановски