10.07.2018 14:36

ЖРК Куманово се засили со Диана Димова (ФОТО)

loading...

Диана Димова ќе биде нов член на Женскиот ракометен клуб Куманово кој активно се засилува во пресрет на новата сезона која стартува во септември.

Кумановскиот прволигаш се засили на позицијата лев бек со Димова која доаѓа од школата на Овче Поле од Свети Николе, од каде и потекнува. Во својата кариера има одиграно две сезони во ЖРК Металург и ЖРК Деспина.

– Очекувам да го освоиме првото место сезонава, а јас ќе го дадам својот максимум да се избориме за победата, изјави 22-годишната Димова за Кумановски Муабети.

 

 

Како што додаваат од Управата на ЖРК Куманово, со ослабнатиот состав на Вардар се зголемуваат шансите за првото место. Во претстојниот период клубот се очекува дополнително да го засили ростерот и во комбинација со минатогодишниот состав да атакува на титулата во домашниот шампионат.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments