ЖРК Куманово се пласираше во Ф4 од Купот на Македонија

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово остварија пласман во Фајнл фор од Купот на Македонија, откако викендов ја совладаа екипата на Пелистер од Битола со резултат 49:24.

Loading...

Во текот на целиот натпревар можеше да се забележи доминацијата на минатогодишниот освојувач на Купот.

Откако натпреварот одеше со 2:2, кумановки направија серија од 11 голови, разлика која противникот од Пелистер немаше шанси да ја достигне до полувреме.

Вториот дел од средбата не донесе ништо ново, ЖРК Куманово остана да доминира на теренот и го доби мечот со неверојатни 25 голови разлика.

Со победата кумановки глегуваат меѓу четирите најдобри екипи кои ќе се борат за титулата во Купот на Македонија.

Со по седум погоди како нејефикасни во Куманово беа Тамара Ивановска, Мила Трајковиќ, Ангела Јанкуловска и Јована Кирпијановска.

Во составот на Пелистер со осум поени најдобра игра прикажа Марија Јанкуловска.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply