ЖРК Куманово против Пелистер утре ја започнува ракометната сезона

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утревечер во 19 часот ја започнуваат новата сезона во женската Супер лига на Македонија, а нивниот прв противник ќе биде екипата на ЖРК Пелистер од Битола.

Со нови амбиции и неколку засилувања ЖРК Куманово ќе се обиде да направи што поголем успех во сезоната, и да се искачи на најмалку второто место во табелата.

Тренерот Антонио Ивановски најавува интересен и возбудлив натпревар против квалитетната екипа на Пелистер.

„Екипата започна во Куманово со подготовките, потоа заминавме на подготовки во Крушево, се вративме, тука продолживме два пати на ден со тренинзи, имаме право од оваа сезона се појачавме во работата, користиме и теретана, што во претходните години тоа не беше случај, управата ни го обезбеди и тоа. Бидејќи сме добро подготвени, се надеваме на квалитетни резултати и повторно избор за играње во Европа. Не очекува тежок натпревар, но сигурен сум во своите ракометарки дека ќе го дадат својот максимум и ќе обезбедиме победа“ – изјави Ивановски.

Филип Додевски од Управата на клубот повторно ги потенцираше амбициите за оваа сезона, веднаш зад вицешампионот на Европа, ЖРК Вардар.

„Најважно од се е тимот да е здрав, да игра борбено и мотивираноста кај ракометарките да се одржи на високо ниво, па резултатите сами по себе ќе дојдат. Што се донесува за натпреварот за утре, очекувам клубот да се претстави во најдобро светло, да играме динамично, се работи за дерби на колото, бидејќи екипата на Пелистер се засили со неколку ракометарки, но се надевам дека фаворитската улога ќе ја оправдаме“ – изјави Додевски.

По кратката летна пауза, ракометарките се повеќе од подготвени да тргнат по патеката за нови успеси. Нивната здравствена и кондициона состојба е на задоволително ниво, а мотивираноста присутна како и секогаш.

„Утре играме еден од најтешките натпревари оваа сезона и мислам дека и сум оптимист дека утре ќе одиграме во најдобро светло и дека ќе го оправдаме тоа што сакаме да го освоиме вторто место во женската супер лига во Македонија“ – изјави Бети Петковска, ракометарка.

„Проблемите се зад нас, мислам дека сме подготвени, поминавме напорна фаза на тренинзи, мислам дека екипата е спремна, целта ни е второто место, утре играме натпревар којшто сметам дека ќе биде еден од најтешките оваа сезона, но со позитивна мисла мислам дека ќе се претставиме во добро светло и ќе извојуваме победа“ – изјави Виктрија Пеовска, ракометарка.

Квалитетот на клубот сезонава ќе се подобри и со настапот на три нови ракометарки, Наталија Пецанова, Габриела Костадиновска и голманката Ивана Наумовска.

Минатата сезона ја завршија како третопласирана екипа, а голем број ракометарки на ЖРК Куманово беа дел и од македонската репрезентација. Покрај тоа и годинава обезбедија учество на ЕХФ Челинџ Купот.

Во јуниорската и кадетска категорија се уште се отворени уписите за сите оние кои сакаат да се занимаваат со овој спорт.