ЖРК Куманово против Металург во полуфиналето од Купот на Македонија

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен клуб Куманово полуфиналето во Купот на Македонија ќе го игра против овогодинешниот ривал Металург.

Loading...

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија, денеска се одржа извлекувањето на полуфиналните двојки од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

Фајнл Фор турнирот во машка и женска конкуренција ќе се игра во Спортската сала Куманово во период од 09 до 11 мај.

Полуфиналните натпревари во машка конкуренција ќе се одиграат во петок (10 мај) и ќе започнат од 17:00 и 20:00 часот, додека финалето во сабота (11 мај) ќе се игра од 20:00 часот.

Куп на Македонија, Мажи

Полуфинале:

10.05.2019 РК Металург – РК Бутел Скопје

10.05.2019 РК Вардар – РК Еурофарм Работник

Loading...

Финале:

11.05.2019 – 20:00 часот

Полуфиналните натпревари во женска конкуренција ќе се одиграат во четврток (09 мај) и ќе започнат од 17:00 и 20:00 часот, додека финалето во сабота (11 мај) ќе се игра од 16:00 часот.

Куп на Македонија, Жени

Полуфинале:

09.05.2019 ЖРК Куманово – ЖРК Металург

09.05.2019 ЖРК Вардар – ЖРК Стружанка

Финале:

Loading...

11.05.2019 – 16:00 часот
фото: РФМ

Leave a Reply