ЖРК Куманово очекува реакција од РФМ

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен клуб Куманово викендов го одигра натпреварот против директниот конкурент за титулата во Женската лига, составот на Металург, при што забележа пораз од 20-17.

Loading...

Меѓутоа, Управата на клубот бурно реагираше на судските одлуки и ги обвини судиите Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев дека им ја скратиле можноста за фер натпреварување.

Во продолжение интегралната реакција на Управата на клубот:

„Тешко е да ги гледаш лицата на девојките и тренерот на теренот и покрај аут линијата, кои дадоа се од себе за победа, за оние педесетина симпатизери кои дојдоа во Автокоманда да ги подржаат своите шампионки..

Се боревме за секоја педа од теренот, за секоја топка, со срце полно желба за победа.. направивме се што можевме, но не успеавме да се избориме за фер шанса и да се носиме со одлуките на судиите кои одеа во штета на нашиот клуб.

Ве гледам по мечот и не можев да се изначудам, како можевте?!

Како може да ги погледнете во лице тие девојки на кои им ги ускративте шансите за игра, за надигуравање, за фер борба..

На тие луѓе кои дојдоа во сала да гледаат ракомет, а видоа кражба во вистинска смисла на зборот.

Loading...

Како ќе ги погледнете во очи луѓето кои посветија време, пари да создадат клуб кои ќе се бори за титула, а вие да му ја одземете шансата за борба за истата во еден натпревар..?

Како да се чуствуваме сите кои сме дел од ЖРК Куманово, кои посветивме толку време да изградиме нешто, кое ви ни го уништивте во еден натпревар!!!

Сме загубиле и претходно од екипата на Металург за која имаме само пофални зборови и суперлативи, за организацијата, работата, за успесите, за историјата, за спортските работници и ракометарки, НО денеска ние немавме никаква шанса да се надигруваме.. а не да размислуваме за победа.

Судиите се Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје.

И да, девојки наши, срцето ваше не може да се купи, ни да се уништи, без калкулации се боревте, и покрај огромните опструкции во играта од судиите се боревте, горевте од желба за победа, со својата пот и срце на терен го заслуживте мојот аплауз до вас, нашите единствени ШАМПИОНКИ!!!

Наклон до под за сите кои дојдовте, за стручниот штаб, за тренерот, аплауз до сите вас, ќе се бориме не се предаваме, но бараме реакција за ваквите кражби и фер шанса за сите!!!“, стои во реакцијата на ЖРК Куманово.

И додека Металург славеше за зацврстената прва позиција во таблета, составот на Куманово и натаму ја очекува реакцијата од страна на Ракометната федерација на Македонија.

Leave a Reply