ЖРК Куманово извојува победа над Михаела Митревска

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен клуб од Куманово убедливо славеше против ЖРК Гевгелија на мечот кој се одигра во рамките на јубилејното 20. коло од Женската ракометна супер лига со резултат 32:22.

Извонредно прво полувреме имаа ракометарките предводени од тренерот Димитар Антевски кои реализираа 19 погодоци наспорти 12те од гостинската екипа, предводени од маестралната игра на Пеовска и Трајковиќ со што си го олеснија патот во второто полувреме рутински да го завршат мечот.

Помалку погодоци реализираа и двете екипи во вториот дел од средбата, но сепак кумановки имаа повторно доминација на натпреварот чие второ полувреме заврши со резултат 14:10 за победа со конечни 32:22.

Најдобри во составот на Куманово беа Викторија Пеовска со 8 голови, а веднаш зад неа Мила Трајковиќ со 7 реализирани погодоци, а добра игра со по 5 реализирани бодови имаа и Наталија Пецановска и Габриела Костадиновска.

Во составот на тренерот Татјана Бојкова, играше речиси само Михаела Митревска која од вкупните 22 голови има реализирано 12 за својот тим.

Со оваа победа ракометарките на Куманово се наоѓаат на четвртата позиција делејќи ист број на бодови со третопозиционираниот Пелистер, а на втората позиција со еден бод разлика им бега составот на Металург.

Следниот натпревар кумановки го играат на гостински терен против составот на ЖРК Овче Поле од Свети Николе веќе на 1ви следниот месец.

Leave a Reply