ЖРК Куманово го совлада ривалот и се искачи на врвот

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово викендов забележаа убедлива победа против најголемиот ривал во Првата женска лига, составот на Металург, кого на домашен терен го совладаа со 38:27 и се искачија на првото место во табелата, како единствен тим кој по 10 кола не бележи пораз.

Loading...

Доминацијата на кумановки се покажа уште во првиот дел од играта, кога направија убедливо големо водство со резултат 20:8.

Избраничките на тренерот Симе Симовски го решија натпреварот уште во првото полувреме, па вториот дел од средбата беше чиста формалност во која ракометарките на Металург иако се трудеа не можеа да го достигнат големото водство на домаќинот.

Двете екипи во вториот дел од средбата имаа прилично избалансирана игра, иако гостите дадоа гол повеќе односно 18:19.

Сепак крајниот резултат беше во корист на ЖРК Куманово со што екипата се искачи на врвот во табелата како единствен непоразен состав сезонава.

Leave a Reply