ЖРК Куманово го освои првиот трофеј оваа година

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен клуб Куманово викендов учествуваше на силен турнир во соседна Србија. Нашата држава и општина на Сретенскиот турнир беа извонредно прикажани и со блескави изданија на кумановки и во двата натпревари реализираа две победи.

Во натпреварот против тимот на ЖРК Топличанин од Прокупље, во првото полувреме домаќините одлично се држеа со гостинскиот тим и не му дозволија да направи разлика, а тоа го покажува и резултатот кој во првите триесет минути гласеше 13:13. На почетокот на второто полувреме домашниот тим успеа и на два пати да биде во водство и тоа со резултат 14:13 и 16:15, меѓутоа ЖРК Куманово при резултат од 16:16 направи серија од седум нула и разликата рутински ја одржа до крајот на натпреварот кој заврши со резултат 24:30. Најзаслужни за победата против ЖРК Топличанин беа Мила Трајковиќ, Викторија Пеовска и Јована Кипријановска со по 7 постигнати гола.

Во вториот и одлучувачки натпревар за трофејот уште на самиот старт кумановската машинерија покажа дека е поквалитетен тим од ЖРК Житораѓа и со серија на средината од првото полувреме од 6:0 при резултат 4:4 се одлепи на 4:10, и до крајот на натпреварот успеа да ја одржува високата позитива. Единствено што успеа домаќинот е да се доближи на два гола негатива при резултат 11:13. Сепак кумановки реализираа победа и на овој натпревар со резултат 29:34. Најзаслужна за овој триумф беше репрезентативката Александра Боризовска со 7 постигнати гола.

 

Loading...

 

Со овие две победи ЖРК Куманово го донесе првиот пехар во екипните спортови оваа година, а веќе следниот викенд  почнува со вториот дел на сезоната против екипата на ЖРК Пелистер од Битола.

Leave a Reply