ЖРК Куманово го одбележа успешниот крај на сезоната

Сподели со своите пријатели

Со 17 победи од 24 одиграни натпревари и трето место во сениорската ракометна лига, ЖРК Куманово вчеравечер на коктел забава ја заврши успешната сезона годинава во конкуренција со уште шест други екипи од државата.

Општина Куманово годинава не организираше прогласување на најдобри спортисти во градот, па управата на клубот тоа го направи на интерно ниво.

Во кадетска категорија за најдобра е прогласена Мила Трајковиќ, за најдобра пионерка пехар доби Сара Цветановска, додека за најдобра ракометарка во клубот е прогласена Александра Боризовска која е повикана и на прелиминарните тренинзи за настап во македонската репрезентација.

Ова признание ќе ме мотивира понатаму за подобра игра и поголем напредок за понатаму. Се надевам дека како до сега ќе продолжиме и наредната година ќе се пласираме на фајнл-фор и ќе бидеме се подобри и подобри – изјави Цветковска.

Ова признание за мене претставува поголема мотивација за наредните години. Ќе се трудам да работам уште повеќе за да освојувам уште признанија – рече Трајковиќ.

Ова признание секако претставува за мене огромно задоволство, но мислам дека не го заслужувам само јас поединечно, туку целата екипа и сакам да им го посветам и на нив за успешната сезона. Највеќе оваа сезона ќе ја паметам по ЕХФ Челинџ Купот со Шпанките на домашен терен по мое мислење имавме одлично издание и покрај тоа што изгубивме, секако ќе ја издвојам и пбоедата против Металург – изјави Боризовска.

Во сабота на домашен терен со резултат 32:30 рутински го совладаа и составот на ЖРК Овче Поле од Свети Николе, а благодарение на борбеноста и добрите резултати од оваа сезона, обезбедија повторно учество на ЕХФ Челинџ Купот.