Жолто предупредување за невреме со грмотевици

Сподели со своите пријатели

Времето низ Македонија денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Loading...

Локално, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд и грмежи во попладневните часови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Ќе дува умерен до засилен ветер кој на моменти ќе достигне брзина и до 50 километри на час.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 22 степени целзиусови.

УХМР има издадено жолто предупредување за опасност од невреме се грмотевици кое ќе биде активно до вечерва на полноќ и во текот на утрешниот ден.

 

 

До четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Во петок и сабота ќе преовладува претежно сончево време, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.

Loading...

 

Никола Ивановски