Живот во силни болки: Приказна за момче познато како ”човек – пеперутка” (видео)

Сподели со своите пријатели

Момчето од Канада,  Џонатан Пајтер, има 14 години и е голем фан на хокеј. Но, малото момче во истовреме боледува од булозна епидермолиза, една од најболните состојби на кожата досега позната во модерната медицина.

Loading...

Неговата храброст и решителност да живее нормално е посилна од се`, па дури и од болеста која е позната како синдром на ”човек пеперутка”.

Џонатан е амбасадор на Здружението ”ДЕБРА” од Канада, непрофитна организација посветена на поддршка на семејствата со членови болни од булозна епидермолиза, како и организација за подигање на свеста за последиците од ова болест.

ТСН ни пренсува болна приказна, која воедно може да ни послужи во животот како инспирација да бидеме силни, дури и кога животот и болеста се против нас.

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.