Живот во 8 м/2 е сепак возможен (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Собите за послуга во Париз долго се сметале за неблагодарни и скриени простории во преубавите згради на истоимениот град. Собите кои се наоѓаат во горното ниво во поткровјето на тие објекти, се одликуваат со мала големина, со елементарна естетска внатрешна просторија и се тешко пристапни.

Loading...

Но, поради општиот пораст на цените на недвижности, овие заборавени квадратни метри станаа нов вид на домување за помалку ситуираните Французи.

Кога се влегува во собата, прво што се приметува е ѕид налик на плакар за сместување на облека. Но, тој простор е многу повеќе од простор за сместување, односно, истиот ги има сите видови на компоненти на извлекување за да ова место стане удобен простор за живот.

До креветот се пристапува од страна, и тоа со извлекување на скали и има повеќе приватност и изолација од дневна светлина. Далеку повеќе, тука е и гардероберот на извлекување, две столчиња, додатен простор за секојдневни потребштини и полица за книги.

Малата кујна има фрижидер, микробранова и мобилна плоча за готвење под работната маса. Што се однесува до бањата, таа е во потполност опремена со тоалет, туш и мијалник.

Еве неколку фотографии од собата, со видео на крајот од галеријата, за да сами си погледнете како изгледа живот во 8 метри квадратни.

 

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *