Живот на студент бегалец се преточи во реклама за Универзитет (видео)

Сподели со своите пријатели

Животната агонија на студент и некогашен бегалец од Етиопија се преточи во една од поубавите реклами за Универзитет, следејќи го животниот пат на Денг Адут, сега дипломец на Western University – Sidney.

Кога имал шест години, Денг бил насила одземен од неговата мајка, за да биде приморан да се бори со милитантите, кога бива ранет во грбот и потоа спасен од ООН.

Донесен во Австралија, тој на 15 години учи да чита, за да заврши Правен факултет и да стане адвокат.

Сторијата навистина заслужува секоја почит, како и рекламата на Универзитетот.

Loading...